Утре годишно изборно собрание на Македонско-бугарската стопанска комора

Македонско-бугарската стопанска комора веќе седум години успешно работи на унапредување на економските релации помеѓу компаниите во двете земји..

Годишното изборно собрание на Македонско-бугарската стопанска Комора ќе се одржи утре во хотел Парк резиденс во Скопје со почеток во 10 часот.

На годишното собрание ќе се конституираат работните тела и ќе се изврши избор на нов претседател на  Македонско-бугарската стопанска комора. Единствен предлог на членовите на управниот одбор  е Кирил Лазаров, сопственикот и управител  на НИКОБ обезбедување.

Покрај сегашниот претседател на комората, Зоре Темелковски, на присутните ќе им  се обратат и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот без ресор Зоран Шапуриќ како и амбасадорот на Република Бугаријаво во Република  Македонија Иван Петков.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top