Утре може да се судрат два сателита, колку е тоа опасно?

Виско над нас, во орбитата на Земјата се движат илјадници различни предмети. Меѓу нив се мали остатоци, но и неисправни сателити со кои научниците од Земјата веќе не може да комуницираат..

Иако, за среќа, поголемите парчиња вселенски отпадоци ретко се судираат, вакво нешто може да се случи оваа недела. Според LeoLabs, услуга што ги следи остатоците од сателитите, ИРАС (вселенскиот телескоп лансиран во 1983 година) и ГГСЕ-4 (научен сателит лансиран во 1967 година) може да се судрат на 29 јануари. Поточно, на тој ден, на надморска височина од 900 километри, двата сателита ќе минуваат на меѓусебна оддалеченост од само 15 до 30 метри. Бидејќи тие веќе не се во функција, експертите за не можат да комуницираат со нив и да вршат маневри за да го избегнат судирот.

Според пресметките на LeoLabs, постои 1% можност од судир, пренесува Science Alert.

Овие сателити не се со еднаква тежина и големина. IRAS е поголем вселенски телескоп кој тежел 1.083 кг при лансирањето, а GGSE-4 е многу помал и полесен - тежи само 4,5 килограми и е поврзан со поголем сателит.

И двата се движат многу брзо. Нивната релативна брзина е 14,7 км / с. Ако се судрат, GGSE-4 ќе биде уништен и ќе се претвори во куп остатоци. ИРАС најверојатно ќе остане во едно парче, но некои помали парчиња би можеле да бидат одвоени , што ќе создаде дополнителни ѓубре во нашата вселена.

Се разбира, овој судир, ако се случи, нема да претставува никаква опасност за нас на Земјата. Сите остатоци што не остануваат во орбитата ќе изгорат додека минува низ атмосферата. Но, овој судир би можел да биде проблем за другите вселенски летала.

„Доколку се случи судир, количината на остатоци во вселената претставува опасност за функционалните сателити “, рече вселенскиот археолог Алис Горман од универзитетот Флиндерс.

Имено, во нашата орбита има околу 750.000 предмети поголеми од еден сантиметар или повеќе од 7.000 тони отпад. Зголемувањето на количината на отпадоци може да доведе до реакции што ќе произведе толку многу отпад што повеќе нема да може да се лета во вселената во наредните 20 години.

LeoLabs ќе ја следи траекторијата на двата споменати сателити и за  случувањата ќе информира на Твитер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top