Утре во Собранието нова средба меѓу тимовите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

Власта и опозицијата во понеделник во Собранието ќе седнат на маса за продолжување на преговорите за законот за Јавно обвинителство..

Од преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 потврдија дека средбата ќе се одржи во Собранието во понеделник со почеток во 14 часот., 

Ова е прва средба на преговарачките тимови за Законот за ЈО по лидерската средба, на која Заев и Мицкоски се обидоа да најдат решение. 

Од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека власта одбива решение бидејќи со опозициските предлози немало да се заштитат функциониери кои се вмешани во корупциски скандали. Отстапки од црвените линии не најавуваат ниту од власта.

Опозицискиот лидер не очекува договор наскоро и тврди дека Заев инсистира на неговиот предлог со кој, како што вели, политички ќе се реваншират кон неистомислениците.

За разлика од него, премиерот е оптимист и е спремен да седне повторно со Мицкоски на маса, но откако преговарачките тимови ќе направат чекор напред.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top