Вајгл: Партиите прифатија да разговараат во Париз

Специјалниот известувач за Македонија, Иво Вајгл, денеска изјави дека партиите начелно потврдиле присуство на средбата во куќата на покојниот француски политичар и дипломат Жан Моне во Париз..

-Во секој Парламент во светот партиите не се согласуваат по сите прашања, бидејќи имаат различни позиции. Тоа што се случи во овој Парламент на 27 април беше болно искуство за сите и мислам дека сите политички партии извлекоа некоја лекција и сега се подготвени да работат на подобрување на заедничките и демократски врски, вели Вајгл.

Во изјавата известувачот тврди дека оваа иницијатива не е замена ниту продолжение на Пржинскиот договор, туку дијалог кој би ја зголемил емпатијата и би придонел за конструктивно функционирање на македонскиот Парламент.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top