Вакцина против Ковид-19 финансирана од Бил Гејтс ќе започне да биде тестирана врз луѓе

Експерименталната вакцина беше развиена од „Inovio Pharmaceuticals“, која доби финансиски средства од „Bill and Melinda Gates Foundation“ и „Coalition for Epidemic Preparedness Innovations“..

Една мала биотехничка компанија од Пенсилванија планира да започне со инјектирање на здрави доброволци со потенцијална вакцина против коронавирусот, откако доби регулаторно одобрение за да започне клинички тестирања.

Истражувачите планираат првото лице денеска да ја добие дозата. Експерименталната вакцина беше развиена од „Inovio Pharmaceuticals“, која доби финансиски средства од „Bill and Melinda Gates Foundation“ и „Coalition for Epidemic Preparedness Innovations“.

Кандидатот на „Inovio“, наречен „INO-4800“, е втората потенцијална вакцина против коронавирусот која започна со човечки испитувања во САД. Биотехнолошката компанија „Moderna“ од Масачусетс започна со дозирање кон средината на март.

За проучување на вакцината на „Inovio“, компанијата запиша 40 здрави возрасни учесници во Филаделфија на „University of Pennsylvania’s medical school“ и во Канзас Сити, Мисури, во „Center for Pharmaceutical Research“.

Секој волонтер ќе добие две дози од вакцината во период од четири недели. „Inovio“ очекува брзи резултатите од студијата и безбедни резултати до крајот на летото. Доколку тие резултати се позитивни, компанијата брзо ќе започне со друга студија насочена кон проценка на ефикасноста на вакцината против вирусот.

Со оглед на невидена глобална побарувачка, секоја вакцина што се докажува дека е безбедна и ефикасна ќе се соочи со голем предизвик во производството.

„Inovio“ изјави дека сега ги зголемува своите производствени способности и има за цел да има 1 милион дози на располагање до крајот на 2020 година. Овие дози може да се користат во дополнителни клинички испитувања или во итна употреба, доколку биде потребно.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top