Вакцината против коронавирус, најверојатно, ќе се прима во две дози

За да се добие целосен имунитет, луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против новиот коронавирус двапати, пишува „USA Today“..

Интервалот помеѓу двете дози веројатно ќе биде околу еден месец, а можно е дека ќе биде потребна дополнителна доза неколку години подоцна.

Научниците ширум светот работат на создавање на вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, причинителот на „Ковид-19“ и сега веќе имаат индикации за тоа како може да изгледа вакцинацијата.

Две дози се веројатно затоа што САРС-КоВ-2 е нов вирус и никој нема антитела. Првата доза треба да го подготви имунолошкиот систем и да му помогне да го препознае вирусот, а втората ќе го зајакне имунолошкиот одговор.

Повеќе од сто кандидати за вакцина се во различни фази на тестирање низ целиот свет и речиси сите се очекува да бидат на режим со две дози, рече Бери Блум, имунолог и професор по јавно здравје на Харвард.

„Колку што знам, сите истакнати фармацевти разгледуваат две дози. Единствен исклучок е Мерк, кој се надева дека ќе ја развие вакцината во една доза“, рече Блум.

Точната доза ќе биде јасна кога ќе се дознаат резултатите од клиничките испитувања на потенцијални вакцини кај луѓето, рече Кели Мур, директор на Коалицијата за акција за имунизација (ИАЦ), невладина организација која во соработка со американскиот Центар за контрола на болести и превенција дистрибуира информации за вакцините и болестите што ги спречуваат.

„Одговорот ќе го имаме откако ќе ги испоитаме на луѓето. Тогаш ќе го знаеме имунолошкиот одговор. Тестирањето на животните укажува на тоа дека ќе бидат потребни две дози “, рече таа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top