Валверде е на огромни маки, како ќе изгледа нападот на Барселона против Бетис?

Фудбалерите на Барселона викендов во рамките на второто коло од шпанската Ла Лига играат пред своите навивачи на „Камп Ноу“ против екипата на Бетис..

Барса во првото коло доживеа пораз на гостувањето во Билбао против Атлетик со 1:0, но Каталонците беа и тоа како ослабени бидејќи Лионел Меси не можеше да игра во овој меч поради повреда.

За работите да бидат уште полоши Ернесто Валверде на овој натпревар остана без уште двајца напаѓачи бидејќи се повредија Луис Суарез и Усман Дембеле. Единствениот напаѓач кој го има на располагање Валверде е Антоан Гризман.

Меси започна со индивидуални тренинзи, но се уште не е познато кога ќе се приклучи на остатокот од оекипата и дали воопшто ќе биде подготвен за мечот со Бетис.

Каталонски „Спорт“ објави дека Валверде викендов ќе биде на голем испит и маки бидјеќи постои шанса да биде без Меси, Суарез и Дембеле. Единствената шанса која ја има е да се опорави Меси бидејќи Суарез и Дембеле ќе бидат надвор од теренот околу еден месец.

Во нападот на Барселона против Бетис би можеле да играат Гризман, Карлес Перез и веројатно Рафиња. Триото кое никој никогаш не можел да го замисли во нападот на Барселона сега очигледно е единствено решение за Валверде.

Минатата сезона ваквото сценарио и не би било толку страшно бидејќи тогаш Валверде на располагање ги имаше Филипе Кутињо и Малком, но клубот одлучи ова лето да се ослободи од Бразилците, а иако Барселона игра формација со тројца напаѓачи, во моментов има само четири, што значи дека јасно е потребно засилување или барем уште еден играч во ротацијата за да се избегнат вакви непријатни моменти во иднина.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top