Валверде пред отказ – Бордот на директори закажа итен состанок!

Новиот трагичен пораз на Барселона под водство на Ернесто Валверде го натера Бордот на директори на клубот за понеделник да закаже вонреден состанок на кој ќе се одлучува за судбината на искусниот стручњак, јавува Радио Каталонија..

Барса загуби од Атлетико со 2-3 во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија кој годинава се игра во изменет формат и нема да ја брани титулата освоена лани. Под водство на Валверде неуспесите се намножија, а ова е само продолжение на дебаклите во Лигата на шампионите од претходните две сезони.

Сепак, речиси никој не верува дека тој ќе добие отказ бидејќи се работи за сензитивен период од сезоната, а и нема многу квалитетни тренери без работа во овој период. Еден од оние кои би можеле да го наследат Валверде е Маурисио Покетино, но навивачите се категорично против него поради некои негови изјави од минатото. Освен тоа, на страната на шефот застанаа најдобрите играчи во екипата кои изјавија дека самите се виновни за поразот од Атлетико и дека во мечот не влегле како што тоа се очекува од нив. Ако, сепак, добие отказ, Валверде ќе биде првиот тренер по Луис ван Гал во 2003 година кој е сменет среде сезона. Холанѓанаецот тогаш си замина од кормилото во истиот период од сезоната, а Барселона во моментот се наоѓаше во долниот дел од табелата. На негово место дојде Радомир Антиќ кој, сепак, успеа да ја однесе во тогашниот Куп на УЕФА.

Барса оваа сезона игра многу променливо, надвор од Камп Ноу бележи катастрофални резултати поради што не успеа да му избега на Реал.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top