Ван Дајк лут на медиумите поради лажната вест по реакцијата за Меси

Виргил Ван Дајк имаше основна задача пред неколку дена на Камп Ноу, да го маркира, или чува Лео Меси од Барселона..

Но тој делумно не успеа во тоа бидејки Меси постигна два фантастични погодоци.

Покрај поразот, на дефанзивецот на Ливерпул највеќе му попречи тоа што Марка и останатите медиуми, имплицирале дека при еден напад на Меси, кога Ван Дајк замавнал со рацете, тоа било од негодување поради тоа што неговите соиграчи не му помогнале во чувањето на Аргентинецот.

„Па кога Меси е на својата најдобра форма, неможе ништо да го запре. Среќен сум што не играм во Шпанија против него секоја сезона“, беше тогашниот коментар на холандскиот интернационалец, кој бил лут на медиумите поради тоа што им спакувале погрешна вест на навивачите со неговата реакција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top