Вандализам во Македонската Православна Црква и фудбалски клуб во Мелбурн

Проблемите помеѓу македонската и грчката заедница на социјалните мрежи пренесени и на објектите. Ќе продолжи ли во поголема мера?.

Деновиве во Мелбурн после протестите се случува насилство кое им наштети на просториите на фудбалскиот клуб „Лалор Јунајтед Слога“ и Македонскиот Православен Храм „Св. Никола“ во Престон. 

Ваквите малограѓански постапки им штетат  не само на објектите туку и на македонската заедница воопшто. 

Се преземаат напори Викториската полиција да ги најде сторителите на овој вандализам. 

Апелираме до македонската заедница посебно до младата генерација да се воздржи од секаков реваншизам затоа што насилствата ќе се пренесат и до училиштата, спортските терени, јавниот транспорт, ноќните клубови, шопинг центрите и по улиците. 

Според информациите што ги поседуваме ситуацијата може да ескалира до неповрат затоа и Викториската полиција ја надгледува ситуацијата и уште еднаш бараме да се смират страстите. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top