Вангеловски побара јавно извинување од СДСМ, ако не ќе тужи за навреда

Ниту најмалку не сум вознемирен, одговори Јово Вангеловски на соопштението на СДСМ во кое од партијата велат дека е „логична вознемиреноста на Јово Вангеловски, познат во јавноста како Јово превара“..

За оваа навреда поранешниот претседател на Врховниот суд побара извинување, а ако не го добие најави дека ќе покрене соодветна постапка.

„Ниту најмалку не сум вознемирен. Полна е со неточни податоци за постапката за мое разрешување. За предметот кој го спомнуваат постапката е запрена на 10.02.2020 година. А во таа постапка со мене сообвонети беа судии кои се унапредени, за што зборував во мојата денешна изјава. Меѓу нив е и нивниот миленик судијата Кире Здравев, сегашен претседател на Судскиот совет. За искажаната јавна навреда, доколку јавно не се извинат, ќе покренам соодветна постапка“, реагираше Вангеловски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top