Вардар ги осудува насилствата

За овој изолиран инцидент реагираше и навивачката група Комити.

По  инцидент кој се случи за време на натпреварот од ракометната Лига на шампиони меѓу македонските екипи Вардар и Металург, ракометниот клуб Вардар се огласи со соопштение до јавноста, во кое најостро се осудува секој вид на насилство на спортските терени. 

За време на завчерашниот натпревар се случи инцидент во кој едно лице се обиде да ја загрози безбедноста на натпреварот и да ја наруши ракометна слика во Македонија која е на највисоко ниво во нејзината историја, се вели во соопштението на Р.К. Вардар.

Од клуб информираат дека сеуште не е изготвен официјалниот извештај на ЕХФ, а воедно и ги демантираат шпекулациите во јавноста дека Р.К. Вардар веќе заработил казна за лоша организација.

Против лицето кое го предизвика инцидентот, надлежните институции ќе презедоа соодветни мерки за санкционирање на истото, истакнуваат во соопштението на македонскиот првак Р.К. Вардар.

Во соопштението се вели:

Од Спортскиот Центар Борис Трајковски изјавија дека организацијата на овој ракометен спектакл помеѓу Р.К.  Вардар и Р.К. Металург беше на највисоко ниво, и дека ваквите натпревари треба да бидат пример  за фер и коректно навивање помеѓу навивачките групи како што тоа беше случај во вчерашниот натпревар.  

За овој изолиран инцидент реагираше и навивачката група Комити која најостро го осудува ова лице кое проба да го наруши угледот на навивачката група Комити и на Р.К. Вардар, која претставува синоним за спортско навивање и тоа како треба да се бодри и подржува клубот кој се сака. 

Нашите навивачи остануваат нашиот најважен 8-ми играч!



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top