Вардар машки се бореше, но падна“ во „Блауграна“

Ракометарите на Вардар одиграа машки натпревар во Шпанија, но на крајот сепак подобар беше домашниот состав, кој ја прекина серијата на актуелниот шампион (29:28)..

„Црвено-црните“ имаа солидно прво полувреме, на десетина минути до крајот на мечот дури имаа и предност од +2 гола, но на крајот од полувремето имаа -1 негатива (12:11).

Во вториот дел домаќините беа во постојано водство од 2-3 гола, а во финишот на мечот Вардар дојде во ситуацијата да игра за реми последните 20 секунди, но сепак тренерот на Каталонците свика тајм-аут и им советуваше како да одиграат.

Арпад Штербик денеска забележа 14 одбрани, кои сепак се покажаа на крајот злудни бидејки Вардар не успеа да ја одржи серијата на победи.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top