Вардар обезбеди место во осминафиналето во ЛШ

Европскиот ракометен шампион Вардар, ја забележа првата победа во 2020 година, откако на домашен терен го совлада украинскиот шампион Мотор Запорожје со 38:28.

Со оваа победа вардарци го заверија пласманот во осминафиналето од елитното натпреварување, а по одигрувањето на последните две кола ќе биде познато дали како петопласиран или шестопласиран ќе влезе меѓу 16 – те најдобри тимови во Европа.

За пласманот на Вардар во осминафиналето помогна и францускиот Монпелје кој го победи Мешков Брест со 30:26

Стаж Скубе со 8 гола и стопроцентна реализација беше прво име во победничкиот табор, додека Чупиќ мечот го заврши со шест гола. Mладиот Марко Кизиќ за 40. минути игра успеа да забележи осум одбрани. Кај поразените Пухоски постигна шест гола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top