Вардар во своите редови го има најдобриот ракометар во светот за 2017 година!

Арпад Штербик, голманот на Вардар, е избран за најдобар ракометар во светот за 2017 година во изборот на специјализираниот портал „Хендбол планет“..

За ова гласаше жири од специјализирани новинари кои следат ракомет, како и фановите кои гласаа во бројка од 110.000.

Штербик со 89 поени го освои првото место и го победи минатогодишниот најдобар ракометар, Германецот Уве Генсхајмер кој се најде на второт место со 82 поени.

Ова признание е и заслужено ако се земе предвид дека Штербик зад себе остави сезона за памтењ и со Вардар освои се што можеше. Европската титула, СЕХА лигата, домашниот шампионат, како и националниот Куп на Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top