Варди: Нема одложување на дуелот со Кардиф, ќе играме за газдата

Премиерлигашот Лестер се наоѓа во вонредна состојба откако во саботата при пад на хеликоптер животот го загуби нивниот газда Вичаи Шриваданапрабе..

Лестер имаше право да го одложи натпреварот, но во клубот се решија да го играат дуелот со Кардиф од 11.коло и потоа сите заедно да отпатуваат на погребот на сопственикот на клубот во Тајланд.

– Тренерот ни соопшти дека има можност за одложување на дуелот, но сите едногласно одлучивме да играме и дека знаеме дека Вичаи тоа најмногу ќе го сакаше. Многу важен натпревар и ќе победиме за него, изјави првиот играч на клубот Џејми Варди.

Токму Варди по освојувањето на шампионската тиула во Премиер лигата беше на мета на многу екипи, но по разговорите со поранешниот газда се реши да остане на „Кинг Пауер“.

Дуелот Кардиф – Лестер се игра утре (сабота) со почеток во 16 часот, Лестер во вторникот го одложи натпреварот од осминафиналето на Карабао купот со саутемптон.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top