Вархеји: ЕУ ќе и помогне на Србија на нејзиниот пат кон Унијата

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји рече дека ЕУ е решена да и помогне на Србија да оствари брз напредок кон ЕУ и да го поддржи нејзиното економско закрепнување по кризата со ковид-19..

„Важен ден за Србија со парламентарни и локални избори. Нестрпливи сме да работиме со новата влада на реформите поврзани со ЕУ“, напиша Вархеји на Твитер, како реакција на парламентарните избори во неделата во Србија, на кои убедливо победи Српската напредна партија на сегашниот претседател Александар Вучиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top