Вашингтон го навреди Пекинг поради името

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со кинескиот колега Си Џинпинг на маргините на самитот на Г20 во Хамбург..

По средбата Белата куќа издаде соопштение во кое Џинпинг се нарекува претседател на “Република Кина” а не претседател на “Народна Република Кина”.

Ако знаете дека Република Кина е oфицијалното име на Тајван а темата е исклучително чувствителна за Пекинг, ќе разберете зошто овој погрешен чекор може да направи проблеми во односите на двете земји.

За Пекинг, Тајван е бунтовничка провинција на Народна Република Кина. Тајван има своја влада откако кинеските националисти избегаа во Тајбан во 1949 година откако ја загубија граѓанската војна против комунистите. Политиката на Пекинг за “единствена Кина” бара од другите земји да не го признаваат Тајван.

И ова не е прв пат Трамп да ја налути Кина. И покрај замрзнатите односи помеѓу САД и Тајван од 1979 година, Трамп го прифати повикот на тајванскиот претседател Цаи Инг-вен кој му се јави да му честита за победата.

Освен тоа, Трамп ги критикуваше кинеските напори за сопирање на нуклеарните закани на Северна Кореја.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top