Василевски: Гласав за да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци

Сашо Василевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше исклучен од партијата откако гласаше за пристапување кон измени на Уставот, во изјава за ТВ21 објаснува зошто гласал спротивно од ставот на партијата..

-Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон – вели Василевски.

Во изјава за телевизијата пратениците кои гласаа негираат дека биле поткупени, велат дека гласале според свое убедување и додаваат дека се 24 часа под полициска заштита поради заканите кои ги добиваат од петокот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top