Вчера беше еден од најтешките денови откако сме тргнале, а требаше да биде најсреќен

Со уредно купени карти се упативме на аеродром и за неполно четири часа требаше да слетаме во Перт..

И на последната проверка почна нашата драма.Како криминалци не извадија од редот и не упатија кај шефот на полицијата, кој не извести дека имаме пречекорување на визите и мора да платиме казна, за која немавме пари. 

Кога ги вадевме нашите визи во Куала Лумпур баравме 90 дена и уредно ги плативме.

На визата пишува 60 дена, ама објаснувањето на службеничката беше дека до 30 дена имаме право да седиме без виза, а останатите 60 се покриени со виза, така да вкупно добиваме 90 дена. Нормално дека службеникот во полиција ни тврдеше дека службеничката погрешила, а казната мора да си ја платиме. 

Не успеаа нашите молби и образложување дека немаме пари .Ни повикна службеник од авио компанијата кои заедно со обезбедување не исфрлија како последни криминалци,упатувајќи не во емиграциски притвор.

И тоа не е се, залудно беше и молењето во авио компанијата да ни ги пречекира картите за утре. Не сакаа да слушнат, не известија дека нискобуџетните компании не го прават тоа и бидејќи е наша "грешка" картите се поништуваат и мора да се купат нови.

Како и да е ние изгубивме повеќе од 1. 000 усд од нашиот скромен буџет, а и многу нерви.

Мораме да се заблагодариме на г-дин Илија Псалтиров од нашето МНР, кој навистина направи максимални напори да го реши проблемот, за жал неуспешно бидејќи во Индонезија странците ги гледаат како банкомат, ама барем ни дозволија да го напуштиме миграциониот притвор.

За среќа и вчера се потврди дека сеуште имаме пријатели кои мислат на нас. Нашиот другар(брат) Вања веднаш ни уплати пари за да може да купиме нови карти и да ја платиме "казната" за што сме му вечно благодарни.
Вањо, ти вчера беше нашиот ангел спасител.

Се извинуваме на сите наши пријатели од Индонезија, кои покажаа што навистина значи зборот човек, нашиот револт е насочен кон нивните власти и поединци кои го заслужуваат тоа.

Казната си ја плативме, ама сеуште не ни е јасно кај исчезнаа нашите 30 дена престој кои се дозволено без виза. Нормално и нови авио карти и конечно добивме печат за излез од Индонезија.
Збогум Индонезија!



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top