Вчерашниот ден - најтопол во Белград во изминатите 130 години

Со измерени 40 степени Целзиусови во Белград, 5 август бил најтоплиот во изминатите 130 години во главниот град на Србија..

Во периодот меѓу 16 и 17 часот измерени биле 40 степени со што е надмината прогнозираната максимална температура за главниот град. Претходниот најтопол 5 август – со 39 степени, бил во 1928 година, јавуваат српски медиуми.

Во цела Србија и понатаму е на сила црвен метеоаларм. РХМЗ на Србија издаде предупредување за подрачјето на Србија за високи температури до 10 август.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top