Вељаноски на распит кај обвинителката Русковска за „27 април“

За Вељановски беше побаран и притвор, но Собранието не му го одзеде имунитетот..

Пратеникот Трајко Вељаноски во моментот се наоѓа на распит кај обвинителката Вилма Русковска, во Обвинителството за организиран криминал и корупција, како осомничен за случајот „27 април“.

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. 

Во истрагата освен Вељаноски, осомичени се и екс премиерот Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК, а во моментот во бегство во Грција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top