Венчавката на принцот Хaри и Меган Маркл точно на пладне

Гостите почнуваат да пристигнуваат на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл. Идрис Елба, Опра Винфри, Дејвид и Викторија Бекам, Џорџ и Амал Клуни, Серена Вилијамс, Џејмс Блант, се само дел од ѕвездите што ќе бидат гости..

Хари и Меган ќе се венчаат денеска во капелата на дворецот во Виндзор. Самата церемонија на лице место ќе ја следат 600 луѓе, а преку телевизија целиот свет.

Вчера беа завршени последните подготовки, пробата за возење во кочија го привлече вниманието на стотици луѓе, а кралската двојка во автомобил ја помина рутата придружувана од полицијата.

Безбедносните мерки ќе бидат засилени околу замокот Виндзор.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top