Венецуелски гувернер тврди дека военото сценарио за Венецуела е смислено во странство

Венецуелците не го поддржуваат сценариото за употреба на сила за да ја решат политичката криза, овие идеи доаѓаат само однадвор, изјави во четвртокот за ТАСС гувернерот на венецуелската држава Миранда, Хектор Родригез..

„Сфаќаме дека во моментов се гледаат тензии во венецуелското општество и дека во одреден момент може да се примени сила. Верувам дека идеите за воени решенија доаѓаат само однадвор бидејќи народот во Венецуела не се согласува со нив. Возете низ улиците на државата и нема да почувствувате тензии или агресивна атмосфера”, вели Родригез.

Тој посочува дека дијалогот на венецуелската опозиција и САД преку специјалниот претставник на САД за Венецуела, Елиот Абрамс, кој има искуство со мешање во внатрешните работи на латиноамериканските земји, ги поттикнало Венецуелците да погледнат многу внимателно на ситуацијата.

Само за потсетување, Абрамс беше вмешан во скандалот околу снабдувањето со американско оружје на антивладините Контраши против Никарагва со заобиколување на Конгресот во средината на 1980-тите

„Но, на дневен ред преовладува мирот и стабилноста. Единствениот начин да се реши кризата во Венецуела е дијалогот и напредокот по демократскиот пат”, истакна Родригез.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top