Венгер има своја, чудна теорија: Ја подобривме гостинската форма

Арсенал повторно одигра кој сакаат брзо да го заборават, нивните навивачи им создаваат се поголем притисок, пред се поради големиот број натпревари кои сезонава можеа да ги капитализираат, но не го сторија тоа..

„Топчиите“ вечерва одиграа бледо, без голови на гостувањето кај Вест Хем во градскиот дуел, а Венгер по натпреварот се обиде да го анализира мечот и новиот неуспех.

Но изјавата на Венгер повторно ќе им влезе во очи на „топчиите“, кои го губат трпението до крај со него.

Сепак, мислам нашата гостинска форма е подобрена овие два месеци, иако вечерашното реми е фрустрирачки. Жалам што не победивме, но сметам дека имавме малку време за да се опоравиме од неделниот натпревар. Она што вечерва не спречи да победиме беше недостатокот од свежина на теренот“, смета Венгер.

Арсенал за прв пат сезонава по цели 20 години, не е дел од ЛШ, а како тргнале работите за нив, тие ќе го „одбранат“ тој негативен тренд, и може лесно да се случи и сезонава да не изборат место во топ4, што ќе биде под сите нивни стандарди и очекувања и кај навивачите. Моментално се седмопласирани со 30 бодови, 19 во негатива зад лидерот Сити, а на само бод негатива од место кое води во квалификациите за ЛШ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top