Венгер ќе им го расипе планот на Ливерпул за ново засилување

Дефанзивецот на Саутемптон Виргил Ван Дијк, е на цена во Премиер лигата, за него јасен интерес покажа Ливерпул изминатиот период, а сега се вклучил и Арсенал, кој планира пред почетокот на сезоната, да ја засили дефанзивата..

Ливерпул важеше за фаворит за ангажман на овој фудбалер, но сега се менуваат работите, бидејки и Венгер бил задоволен од покажаните игри на Виргил Ван Дијк.

Со доаѓањето на Лаказет во Арсенал, апетитите кај „топчиите“ растат енормно, и сега на ред е засилување на дефанзивната линија во која Венгер ќе ја челичи одбраната.

Единствен проблем може да биде трансфер сумата, која ни повеќе ни помалку, изнесува 60 милиони фунти, кои управата на „светците“ ги побарала од заинтересираните екипи.

Виргил Ван Дијк минатата сезона забележа 55 настапи за Саутемптон откако пристигна на „Сент Мери“ во септември 2015 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top