Венизелос: Илинденска Македонија, епитом на иридентизмот!

Со свој став по објавата на медиумите околу новиот предлог за решение на спорот за името, се јави и претседателот на партијата ПАСОК и поранешен министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос..

Според неговите зборови, искажани пред пратениците на грчкиот парламент, предлогот бил „епитом на иридентизмот“, отфрлајќи го како  опција за преговори, пренесува грчкиот весник „Екатимерини“.

Дека името Република Илинденска Македонија во себе имало иридентистички ставови оцени и лидерот на грчката опозиција, Кирјакос Мицотакис; откако за новиот предлог бил телефонски известен од грчкиот премиер, Алексис Ципрас.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top