Верниците на Римокатоличката црква го празнуваат Велигден

Верниците на Римокатоличката црква во Македонија овој викенд ќе го одбележат најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден..

Овој Велигден ќе го слават само верниците на Католичката црква, кои се дел од Грегоријанскиот календар, честитки до верниците упати и  Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод празникот Христово воскресение – Велигден,како и државниот врв во Македонија.

Преостанатите католици кои се дел од византискиот обред Велигден ќе го слават следната недела, на 28 април. 

Тогаш Велигден ќе го слават и православните, но и христијаните од евангелско-методистичката црква кои, исто така, го користат Јулијанскиот календар.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top