Верувале или не: Снег во Каиро

Ова е првпат после толку години да се види снег во областа на Каиро.

Повеќе области во Египет, меѓу кои и предградието на Каиро денеска е покриено со снежна покривка, првпат по толку години, објави еден од официјалните лица од египетскиот метеоролошки центар.

Студениот бран од пред неколку дена го погоди Блискиот исток и Египет предизвикувајќи пад на температурите и силен дожд.

-  Ова е првпат после толку години да се види снег во областа на Каиро – рече Али Абделазим од метеоролошките служби.

Во Мединатија, новиот град североисточно од Каиро, граѓанинот Карим Кеират раскажа дека го разбудила необична галама:

-  Во 6 часот наутро ги слушнав снегулките како паѓаат на моите прозорци, и видов дека надвор се е бело и тоа е прв пат во животот да видам такво нешто – изјави тој.

Другите предградија од Каиро, исто така ги зафати снег, но со помал интензитет.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top