Вест Хем сака да биде поголем од Тотенхем, Челси и Арсенал во Лондон!

Вест Хем сака да го прошири својот капацитет на стадионот, за повеќе од 2.000 столчиња, со цел да го направат најголем стадион во престолнината на Англија..

Челниците на овој клуб имаат во план својот стадион од 60.000 места, да го прошират на нешто повеќе од 62.500 столчиња, со што биле поголем стадион од Емирати на Арсенал и Стемфорд Бриџ на Челси.

Ако го исклучиме националниот Вембли, најголем клупски стадион во Лондон е Вајт Харт Лејн на Тотенхем со вкупно 62.060 столчиња.

„Секогаш е убаво да се прошири голем стадион, правиме напори олимпискиот стадион да го зголеми капацитетот на 62.500 и на тој начин да стане најголем во Лондон“, порачаа од клубот на „чеканите“.

Да напоменеме, најголем стадион во Лондон останува сепак Вембли, кој е национална арена и кој собира преку 90.000 луѓе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top