Вестбрук со најдобриот трипл-дабл во историјата, но тоа не е доволно за Харден и Хјустон

Голден Стејт убедлив против Портланд, Вашингтон славеше во дуелот со Атланта..

Расел Вестбрук ја игра сезоната на кариерата, но ниту 51 поен кој го постигна против Хјустон не ги спречи Рокетси да победат со 115:111 и да поведат со 2:0 против Оклахома во серијата од првото коло на Западната конференција. Вестбрук беше немилосрден, го полнеше кошот на Хјустон буквално од сите позиции, подели 13 асистенции и фати 11 скока, меѓутоа, на крајот сепак мораше да се задоволи со пораз.

Факт е дека за 41 минута игра Вестбрук прилично го форсираше шутот (43-17 од игра), но и дека немаше вистинска поддршка од соиграчите кога му беше најпотребно. Виктор Оладипо и Даг Мекдермот додадоа по 11, а Андре Робинсон уште 12 поени.

Хјустон и синоќа можеше да се потпре на својата прва ѕвезда, Џејмс Харден натпреварот го заврши со 35 поени и 8 асистенции. Добра игра пружија и Ерик Гордон со 22, односно Лу Вилијамс со 21 поен.

Прашањето на победникот беше решено во последните три минути од натпреварот во кој ривалите влегоа израмнети (104:104). А потоа Рокетси преку Харден, Беверли и Гордон врзаа 10 поени и заминаа на нова, недостижна двоцифрена предност на минута и 20 секунди пред крајот.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top