Ѕвездата на Интер во жесток конфликт со навивачите на клубот

Екипата на Интер се чини ќе остане повторно без Лига на шампиони откако викендо на домашен терен забележаа шокантен пораз од Сасуоло во претпоследното коло од Серија А..

Меѓутоа спас за Интер беше киксот на Лацио кај Кротоне, па така „нераѕурите“ и понатаму се во трка за место кое носи во ЛШ. Сепак поразот од Сасуоло тешко им падна на навивачите на Интер кои има што да кажат на своите играчи по мечот.

Тифозите на Интер своите миленици ги испратија исвриркувајќи ги, а најмногу навреди од трибините доби Иван Перишиќ. Хрватскиот репрезентативец бше бесен на однесувањето на навивачите и во еден момент се врати од тунелот за да се пресмета со неколку навивачи.

Откако си разменилениза жестоки навреди, морало да реагира обезбедувањето кои некако успеале да го смират Перишиќ и да го го одведат во соблекувална.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top