(ВИДЕО) Богослужба во Македонскиот Манастир „Св. Климент Охридски“ во Кинглејк по повод патронот на манастирот Св. Климент Охридски

Свечено и достојно прославен патронот на Македонскиот Православен Манастир Св. Климент Охридски“ во Кинглејк.

Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец. Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. 

Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Дваесетина години во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. Кога Свети Кирил и Методиј биле повикани во Рим со нив бил и Свети Климент и тогаш бил ракоположен во духовно звање. По смртта на Свети Кирил во Рим, Свети Климент заедно со Свети Методиј се вратил во Моравија и му останал верен во одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба. По смртта на Свети Методиј кога неговите ученици биле жестоко мачени, а потоа и протерани од Моравија во почетокот на 886 година, со Свети Наум и Свети Ангелариј дошле во Охрид. Овде ја основале познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3500 ученици за црковна богослужба. 

Паралелно со црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишуваат опширните житија на Кирил и Методиј познати како „Панонски легенди“, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа. Напишал и поуки за големите христијански празници , за други празници на апостоли и маченици како и повеќе пофални слова за христијаски светители. Се упокоил во 916 година и бил закопан во гробот што го ископал со сопствени раце во црквата посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник.

По тој повод во Македонскиот Православен Манастир се одржа Света Богослужба по повод патронот на манастирот Св. Климент Охридски и празникот Св. ВМЧ Пантечлејмон каде Игумен - Гаврил, отец Климент Станковски, Ставрофор Протејереј Ефтим Бетински оджаа утринска празнична богослужба.

После службата следеше ручек за присутните во манастирската сала.

Погледнете го видеото:



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top