(ВИДЕО) Ексклузивно интервју со Д-р Снежана Џамбазова Попорданоска

Ексклузивно за Фаланга Д-р Снежана Џамбазова Попорданоска успешен и докажан психолог.

Почитувани читатели на Фаланга, порталот Фаланга започнува еден циклус на претставување на наши Македонци кои успеале со своите квалитети да се искачат на врвот на својата кариера овде во далечна Австралија.

Овој циклус го започнуваме со Д-р Снежана Џамбазова – Попорданоска, доктор на науки по Психологија.

Д-р Снежана Џамбазова – Попорданоска својата кариера ја започнува во Република Македонија како успешен лекар каде и се мажи за Г-дин Емил Попорданоски исто така врвен лекар и основаат семејство.

Заедно со семејството одлучуваат да ја напуштат Република Македонија и својот животен пат да го продолжат овде во топлата и далечна Австралија.

И покрај големата неизвесност и покрај предизвикот дека овде во далечна Австралија никого не познава Др. Снежана успева да се искачи на врвот на успешните луѓе каде е ценета, почитувана и пред се барана и многу успешна на професионален план.

Освен тоа таа е и прекрасна личност подготвена да му помогне на секој оној на кого му е потребна помош или совет од психолог.

Одлично ги владее и Македонскиот и Англискиот јазик и ги применува при своите терапии.

Д-р Снежана Џамбазова – Попорданоска можете да ја побарате на телефонскиот број: 041 5929662 или во нејзината канцеларија на следнава адреса: Eastbourne House 62 Wellington Parade 3002, East Melbourne, VIC.

Исто така можете да ја посетите и нејзината веб страна 

http://anotherwaycoaching.com.au/ како и Фејсбук фан страната  AnotherWay

Сега ви предлагаме во прилог да го проследите видео интервјуто каде може подетално да слушнете која е Др. Снежана Џамбазова – Попорданоска со што се занимава и како и на кого може да му помогне.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top