(ВИДЕО + ФОТО) Охридски бал 2017 - Мелбурн

Уште една успешна манифестација на Охриѓани во Мелбурн по повод верскиот празник „Св. Наум - Охридски“.

Како и секоја година така и оваа година традиционално во прекрасниот Емералд ресепшн во Мелбурн се одржа Охридскиот бал во организација на Охридското друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн.

Како и секогаш влезниците беа распродадени до последното место што е потврда дека засега Охридскиот бал останува најпосетениот бал што се организира од нашинците во Мелбурн.

Традиционално балот има и свои кумови кои се менуваат секоја година. Оваа година кумови беа Валентина и Зоран Стаменкови сопственици на „Балкан Бурек“ од Мелбурн кои воедно беа и дел од спонзорите на балот.

Погачата и пченицата беа благословени од Свештеникот Миле Талески од црквата „Св. Никола“ во Престон - Мелбурн.

Традиционално со жрепка беше избран и новиот кум за наредниот бал и овој пат најсреќен беше Петар Џепароски познат агент за недвижности во познатата агенција „Ray White“ кој воедно беше и спонзор на балот.

Гости на балот кои воедно одржаа и пригодни говори беа Неговата Екселенција Амбасадорот на Република Македонија во Канбера, Австралија Г-дин Веле Трпевски, Генералниот Конзул на Република Македонија во Мелбурн, Г- ѓа Бети Коруновска, Министерката за Енергија и животна средина Лили ди Амброзио и Советничката од општина Витлси Мери Лалиос како и претседателот на Охридското друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн.

Гостите ги забавуваа групата Чардак од Охрид и естрадната уметничка Анета Наковска кои воедно се и на турнеја во Австралија, а за забавата да биде уште повесела допринесоа и нашите музички ѕвезди од Мелбурн Фазли Луик и Иван Радевски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top