(ВИДЕО + ФОТОГРАФИИ) Њујорк преплавен од луѓе кои шетаат по гаќи

- „Активистите без панталони“ лежерно читаа весници и книги уживајќи во возењето и не обрнувајќи внимание на чудните погледи на другите патници, пишува New York Times..

Замислете да се возиме сите во автобус, метро или пак друг вид на јавен превоз по гаќи. Њујоркчаните и оваа година организираа „Возење во метро без панталони“. Оваа акција секоја година привлекува многу луѓе и со текот на годините стана вистински хит. И оваа година таа привлече голем број учесници во многу делови од Њујорк, при што повеќе илјади активисти се собраа на седум различни метро станици, а потоа полуголи се возеа во метрото до плоштадот Унион.

- „Активистите без панталони“ лежерно читаа весници и книги уживајќи во возењето и не обрнувајќи внимание на чудните погледи на другите патници, пишува New York Times.

На прашањата на зачудените патници тие даваа интеренси одбори како: „Ги заборавив панталоните“, „Од брзање не стигнав да облечам панталони“, „Ова е протест против глобалното затоплување“ и слично.

- На луѓето ова им е смешно. Нашата цел не е да ги вознемируваме, туку заедно времето да го поминуваме во радост, изјави основачот на групата „Improve Ewerywhere“, Чарли Тод. 

Оваа иницијатице од Њујорк се пренесе скоро ви сите поголеми градови во САД, но и во Европа. Би било добро овој тренд да дојде и кај нас, нели?


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top