(ВИДЕО + ФОТОГРАФИИ) Прославен денот на независноста на Република Македонија во Мелбурн

По десетти пат Македонските знамиња беа гордно кренати на јарболите во Мелбурн..

Денес традиционално на плоштадот во Мелбурн се одржа прослава по повод 8-ми Септември денот на независноста на Република Македонија во организација на Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија.

Оваа година се одбележува десет годишниот јубилеј на поставување на Македонските знамиња на јарболите на плоштадот во Мелбурн од времето кога Злате Нически и Ицо Најдовски ја започнаа оваа традиција. 

На прославата говор одржаа Зоран Здравески и Гоце Ѓоргиоски кој ја претстави Вера Трајчевска за изведба на химните на Македонија и Австралија.

Културната програма ја збогатија МКУД „Јане Сандански“ од Мелбурн со неколку ора.

Македонската Православна Епархија за Сиднеј и Австралија, Протоереј-Ставрофор Ефтим Бетински и Архимандрит Гаврил Галев одржаа Панахида за паднатите борци за Македонија.

Забележително беше дека оваа година значително поголем број Македонци присуствиваа на настанот.

Медиумски покровител на настанот беше Фаланга.





Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top