(ВИДЕО) 30-дневен притвор за Боки 13

Обвниителството го товари за трговија со влијаније врз јаевн обвинител од специјалното јавно обвинителство.

Бојан Јовановски познат на јавноста како Боки 13 доцна вечерва околу полноќ заработи 30-дневен притвор од судија на претходна постапка, како осоминчен во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, јавува порталот А1он.

Претходно и второосомничениот во истиот предмет Зоран Милески Кичеец доби 30 дена притвор, додека полицијата врши претреси во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева и просториите на „1ТВ“ каде менаџер е токму Боки 13.

Јовановски и Кичеец се осомничени за рекет и перење пари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top