(ВИДЕО) 65 години од смртта на СТАЛИН, што ја предизвикало и како изгледал неговиот погреб

На денешен ден навршуваат 65 години од смртта на Јосиф Висарионович Џугашвили познат како Сталин..

Последните години во високите политички кругови на Советскиот Сојуз кружеле гласини дека тој и не е во најдобра здравствена состојба, како и тоа дека и покрај влошувањето на неговата состојба тој не добил никаква медицинска помош со која би се контролирала болеста.

Стали тогаш веќе бил над 70 години, а неговите хронични болести како хипертонија, артериосклероза и ревматските болести на мускулите му ја одземале силата.

Од крајот на 1952 година се појавиле проблеми во неговата плуќа од непозната природа  па тој дури престанал да пуши.

Но и покрај сите горенаведени болести, причината за неговата смрт  и до ден денес ги интригира историчарите како и теоретичарите на завери.

Докторот Александер Мијасников, кој бил покрај Сталин кога тој лежел на смртната постела, тврди дека после обдукцијата открил дека тој боледувал од „ тежок случај на атеросклероза на мозокот“ и дека таа болест која се развивала со години влијалеа на неговото здравје, карактер и одлуките кои ги носел.

Сталин починал во својата куќа за одмор во московското предградие Кунцево. Како официјална причина за неговата смрт се наведува мозочен удар, кој Сталин доживеа неколку дена пред самата смрт. Но, спрема наодите од Молотовите мемоари, шефот на советската полиција Лаврентиј Берија, се фалел дека тој го „убил“ Сталин. 

Па така, мозочниот удар можеби го предизвикало сусптанцата варфарин од отров за глувци. После смртта на Сталин, Берија дури бил на прагот  да го замени, но тоа не се случило. Во тоа го спречиле високопозиционираните членови на Партијата, планирајќи го неговото убиство. Озлогласениот шеф на НКДВ, така лично пукал во еден советски генерал.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top