(ВИДЕО) Ахмети: Албанскиот јазик ќе се употребува и во Делчево и Струмица, ако треба ќе се ангажираат преведувачи

Во сите институции во земјава освен македонскиот јазик е и албанскиот, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети, во синоќешната емисија „200“ на Алсат-М телевизија..

– Албанскиот јазик е официјален во Република Македонија и ќе се користи таму каде што го употребува заедницата. На пример, дали има некој Албанец во Струмица? Нема, но може да помине. Е сега ако тој поминува таму и има проблем на граница или во градот, се викаат преведувачи и законот на него му овозможува, без разлика дали имал проблем со полицијата, со обвинителството, тој да зборува на својот мајчин јазик. Ако поминува во Делчево и направи некој проблем… исто може да зборува на својот мајчин јазик, истакна претседателот на ДУИ, во своето гостување на телевизија Алсат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top