(ВИДЕО) Ахмети одговараше на новинарски прашања: Нема потреба да се организира референдум за името

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за време на новогодишното интервју со новинарите, најави дека следната година е важна за иднината на земјата..

Тој рече дека граѓаните очекуваат важни одлуки од Владата и дека за тие одлуки потребен е општествен и политички консензус.

Според него, членството во ЕУ и НАТО директно зависи од решавањето на спорот со името со Грција, и додава дека евентуален референдум само ќе ја отежни состојбата и ќе создаде недоумици кај политичарите кои треба да најдат решение за овој проблем. Според него, решението треба да произлезе од владите на двете држави.

„Ние мислиме дека не треба да се бирократизира ова прашање, да не се политизира и да се става на референдум, да се дебатира во Собранието, бидејќи тоа може да ја парализира ситуацијата или пак политичките партии да ги стави во позиција да се двоумат во процесот на постигнување компромис“, вели Ахмети.

Изјавата на премиерот Заев, кој рече дека го брани законот за јазиците повеќе отколку самиот лидер на ДУИ, Ахмети ја поздрави и ја оцени како храбра. Оваа средба беше организирана токму на првата годишнина од денот кога Рама ги собра сите лидери на албанските политички субјекти на средба во Тирана.

„Прашање на време е кога ќе биде закажана таа средба. Според последните оценки и одлуки од заедничката средба, следната средба треба да биде свикана од ДПА“, додаде Аахмети.

Ахмети пред една седмица рече дека веќе нема да седнува на заедничка маса со „прости луѓе“, но денеска не даде конкретен одговор дали планира да го покани Села на заедничката средба. Од друга страна, Села изјави дека е подготвен повторно да седне со сите лидери на албанските парламентарни партии доколку добие покана за тоа.


Извор: ТВ21

Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top