(ВИДЕО) Амди Бајрам: Подобро ВМРО-ДПМНЕ мене да ме избереше за претседател, отколку Мицкоски

Не се сеќавам на тоа дека сум најавувал такво нешто, вели претседателот на Сојузот на Ромите во неговото гостување на 1ТВ..

-Јас морам отворен да бидам према цела јавност и не треба многу прашина да дигаат затоа што зад добар коњ добра прашина се дига. Јас сум политичар толку години и треба сите да сфатат, цела македонска јавност и пошироко, не треба да дигаат многу прашина околу мене затоа што јас сум политичар и знам како треба да се делува и да се работи, прав политичар, кога треба и како треба да настапам, тоа знам, а во интерес на моите Роми јас сум спремен увек во секое доба, морам да видам кој е на власт, јас да бидам со вас, вели Бајрам.

Го гледам патот на Заев. Не верував дека сите во светот ќе го поддржат. Тоа што било, било. Јас му се извинив, вели Бајрам.

Тој вели дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не е од негов ранг, тој се чувствува поголем политичар од него.

  • Подобро мене да ме избереа за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, отколку било кој друг, вели Амди Бајрам.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top