(ВИДЕО) Американците го зазедоа Кинескиот конзулат во Хјустон

Американски официјални лица влегоа во кинескиот конзулат во Хјустон, откако персоналот се исели и се повлече од зградата..

„Заземањето“ на конзулатот се случи само 40 минути откако истече крајниот рок за негово затворање кој беше определен од престедателот Доналд Трамп со цел како што кажа „да ја заштити американската интелектуална сопственост од Кина“. Белата куќа ја обвини Кина за шпионски активности преку конзулатот во Хјустон.

Група американски официјални лица, меѓу кои и личност за која се тврди дека е од Стејт Департментот, ја скрѓија задната врата на конзулатот отккао не успеаа да влезат внатре на преостанатите три влеза.

Стејт Департментот наложи затворање на кинескиот конзулат во Хјустон под обвинение дека персоналот е вмешан во нелегално шпионирање и спроведување операции во Соединетите Американски Држави.

Кина ги отфрли овие обвинувања и ги критикуваше САД за кршење на повеќе меѓународни закони. Пекинг наведе дека Вашингтон шири говор на омраза кон Кинезите поради што нивниот персонал бил и следен во САД во повеќе наврати.

Како одговор, Кина наложи затворање на американскиот конзулат во кинескиот град Ченгду.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top