(ВИДЕО) Американците полуделе кога го виделе ова: Вака "Сухоите" го пресретнале нивниот "Посејдон"

Два руски авиони "Su-35" пресретнале воен авион на американската морнаричка патрола над Средоземното море, соопштила американската шеста флота..

"Трет пат за два месеци, руски пилоти летаа на небезбеден и непрофесионален начин во текот на пресретнувањето на "Посејдон П-8А" на поморската патрола на американската морнарица на Шестата флота на 26-ти мај" се наведува во соопштението. 

Како што се тврди, пресретнувањето било небезбедно и непрофесионално бидејќи руските пилоти премногу се доближиле до секое крило на американскиот авион, со што го ограничиле "способното безбедно маневрирање на P-8A".

Инцидентот траел околу еден час, наведува флотата.

Пентагон исто така на 15-ти април пријавил дека руски "Su-35" пресретнал американски авион над Медитеранот.

И тогаш американската морнарица навела дека пресретнувањето било небезбедно.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top