(ВИДЕО) Американска полиција влезе во амбасадата: Исфрлени поддржувачите на Мадуро

Кон средината на април членови на три активистички групи кои го поддржуваат актуелниот претседател Николас Мадуро, ја окупираа амбасадата на Венецуела во Вашингтон, наведувајќи дека се „повикани гости“ од владата во Венецуела..

Американската полиција синоќа влегла во амабасадата на Венецуела, за да исфрли група на луѓе кои протестирале против политиките на САД кон таа земја богата со нафта.

Со тоа е отворен патот дипломатското претставништво да се предаде на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо.

Кон средината на април членови на три активистички групи кои го поддржуваат актуелниот претседател Николас Мадуро, ја окупираа амбасадата на Венецуела во Вашингтон, наведувајќи дека се „повикани гости“ од владата во Венецуела.

Активистите се против американска интервенција во Венецуела против Мадуро, а во корист на Гваидо, кој е самопрогласен привремен претседател на оваа држава.

Американските власти вчера ги уапсиле последните четири демонстрати од амбасадата во Вашингтон.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top