(ВИДЕО): Амстердамската тројка се обрати преку медиумите во Белград и побара преодна влада

Ексклузивно обраќање на Амстердамската тројка.

Поранешен претставник на високо ниво во Владата на Република Македонија, и членови на ВМРО-ДПМНЕ на власт, познати како Амстердамска тројка, бара од премиерот Никола Груевски да поднесе оставка поради длабоката политичка криза во земјата.

Тројката се обрати преку медиумите во Белград.

Тие велат дека Македонија ја има изгубено слободата, демократијата и правото на глас, и дека Груевски со своите постапки ја загрози стабилноста на државата.

Премиерот, велат тие, никогаш немал искрена намера за Македонија кон Европската Унија и Евро-Атлантските интеграции. 

За последниот инцидент на Косовската граница тврдат дека е монтиран процес, исто така тврдат дека во Македонија владее сиромаштија и бесперспективност што е причина за големо иселување на населението надвор од државата.

Амстердамската троја нуди решение во формирање на преодна влада и бараат опозицијата да се врати во Парламентот за да се распишат избори.

Амстердамската тројка ке има обраќање и во Приштина и Софија, а во Скопје ке се појават многу брзо.

Повеќе информации од Белград има Ѓорѓе Костиќ.

Слушнете



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top