(Видео) Андон Дончевски: Дарко Панчев ми го посра лицето

Емоциите победиле.

Деновиве во Република Македонија престојува првиот тренер на Фудбалската репрезентација на Република Македонија, Андон Дончевски.

За 20 годишниот фудбалски јубилеј вчера имаше организирано ревијален фудбалски натпревар на кој „веројатно“ легендарниот голгетер на Вардар, Црвена Звезда и македонската репрезентација, Дарко Панчев, му ветил на Андон Дончевски дека ќе настапи на истиот, но недостојал на ветеното, па како што ќе видите подолу на видеото, разочараноста на Андон Дончевски може да се забележи во неколку реченици во негов емотивен стил кој има пракса и во Австралија да го применува.

Чичко Дончо пред камерата на „Екипа“ реагирал малку поемотивно и јавно емоциите надвладеале и искажа низа зборови во негов стил. Тој меѓу другото кажа: „Ќе умрам со отворени очи, многу сум разочаран од Дарко Панчев, ми го посра лицето тој Панчев“.

Ние од редакцијата на „Фаланга“ му посакуваме добар престој и достојно да не` преставува во Македонија, по повод 13 ноември ќе ја прими наградата на град Скопје и тогаш веројатно ќе одржи подобар говор и што поскоро да се видиме во Мелбурн да ми каже за неговата турнеја во Република Македонија.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top