(ВИДЕО) Анета Молика ја отпеја евровизиската „Proud“, па јавно порача: „Морав да ви докажам дека….“

Евровизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска уште кога беше објавена наиде на позитивни коментари од страна на публиката, а на „YouTube“ има повеќе од еден милион прегледи..

Од друга страна се појавија и многу кавери верзии на „Proud“ кои се трудеа да ја отпејаат најдобро што можат.

Македонската учесничка во „Пинкови ѕвездички – алл старс“, Антониа Гиговска во самото финале се претстави со „Porud“ и наиде на многу позитивни коментари.

Еден од најдобрите женски вокали Анета Мицевска нема песна која не знае и не може да ја отпее.

Така беше и со „Proud“ која ја отпеја на еден настан, но доб негативни коментари дека не пее  во живо…

Анета одлучи да ја реши дилемата и да стави крај на приказните дека пее во живо.

На фан страницата на групата Молика е објавено видео каде Анета во живот ја пее „Proud“, а во описот на видеото стои:

„Пред некое време на еден наш настап нашето славејче Анета ја испеа песната „Proud“ во живо, па од тука имаше многу позитивни ама имаше и негативни коментари кои тврдеа дека не е во живо, па дека пее Тамара итн. Бевме приморани да ви докажеме дека Анета не пее на „плејбек“. Поздрав“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top