(ВИДЕО) Ангелов: Повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ги организира протестите

Ние како партија веруваме дека изјавата на Ванхауте за федерализација како можно излезно решение за Република Македонија е дадена со добра намера.

Ние како партија веруваме дека изјавата на Ванхауте за федерализација како можно излезно решение за Република Македонија е дадена со добра намера, но чуствуваме дека треба да му укажеме нему и на другите добронамерници дека размислувањата и тенденциите за федерализација на Република Македонија не се соодветни и никако не можат да бидат решение за излез од длабоката политичка криза.

-Ваквите тенденции одат во прилог на распламтување на и онака запалената политичка па и безбедносна ситуација во Република Македонија. За жал Ванхауте за една работа е во право, Република Македонија особено последните десетина години по одредени карактеристики добива изглед на федерална држава, но наша цврста определба е зачувување на Македонија како заедничка и унитарна држава на сите македонски граѓани, вели Стојанче Ангелов, лидер на партијата Достоинство.

Партијата остро ја осудува изјавата на пратеничката од албанскиот парламент, Дода, како крајно непријателска, провокатнивна и потпалувачка. Тие го повикуваат Никола Поповски да ја прогласи Дода за персона нон-грата и да и биде забранет влез во Република Македонија согласно со важечките македонски закони.

Лидерот на Достоинство изјави дека претседателот Иванов два пати го прекршил Уставот на РМ кога му побарал потписи на лидерот на СДСМ Зоран Заев и кога постави услов за формирање на влада. Тој вели дека Иванов такво нешто не смее да бара и неговите образложенија на ваквата одлука се неиздржани.

Ангелов смета дека Иванов свесен за тешката ситуација во која се наоѓа Македонија ќе покаже државничко чувство и ќе го додели мандатот на СДСМ. Според него во Програмата на СДСМ нема ништо противуставно.

За протестите кои се случуваат деновиве, Ангелов изјави дека повеќе од јасно е дека тие се организирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

-Верувам дека тие граѓани кои излегуваат на протест мислат дека навистина ја бранат унитарноста на државата иако не се свесни дека на тој начин можат само да ја загрозат унитарноста на Република Македонија, вели Ангелов.

Извор/a1on.mk


Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top