(ВИДЕО) Ангелов: Заедно со Георгиевски и Бошковски режимот ќе го клекнеме на колена, и ќе го уништиме!

Чест ми е да соработувам со премиерот и министерот кои ни оставија целосно одврзани раце за одбрана на татковината, рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов на прес конференцијата се најави коалицијата „ВМРО за Македонија“..

– Длабоко во себе и покрај сите контроверзи, верувам дека заедно со нив, со мојот премиер и мојот министер од 2001 година ќе го срушиме режимот на Никола Груевски, на истиот Никола Груевски кој што се дрзна да ги тужи воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители. 

Истиот кој ги амнестираше злосторниците опфатени со хашките случаи, истиот Никола Груевски кој што го постави командантот од УЧК, Талат Џафери за министер за одбрана, оној кој овозможи целосно пљачкање на државата, оној кој со неговата погрешна политика избрка луѓе надвор од Македонија. Режимот мора да падне, рече Ангелов.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top